Хакатон на УГД - Штип


Факултетот за информатика при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип по втор пат ќе организира дводневен хакатон во периодот 23-24 март 2018 на тема “Креативни решенија во здравството”. На хакатонот може да се пријавуваат тимови од студенти и средношколци од Република Македонија. Учесниците ќе можат да изработуваат различни апликации кои би покривале различни аспекти од здравството и здравствената заштита, а би биле од корист на различни категории на луѓе, на пример, здравствени работници, болни лица, стари и изнемоштени лица, деца со посебни потреби, и сл. Апликацијата може да биде изработена во било која технологија и од било кој тип (веб апликација, мобилна апликација, десктоп апликација, и сл).
По овој повод е распишан Конкурс на којшто можат да се пријават сите заинтересирани студенти и средношколци со своите тимови кои ќе учествуваат во овој маратон по програмирање. Тимовите може да бројат од 3 до 5 члена.

Формуларот за пријавување, може да го преземете од следниот линк формулар за регистрација, пополнете го и пратете го на: hakaton[at]ugd[dot]edu[dot]mk

Краен рок на пријавување: 19.03.2018 година, 20:00 часот.

Место на одржување: просториите на Факултетот за информатика (Кампус 2) при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип.

Секој тим ќе има можно јавно да ја презентира изработената апликација пред комисија составена од професори на ФИ, УГД и тројца поканети специјалисти од бизнис заедницата, која ќе бира најдобри апликации. Сите учесници на хакатонот ќе добијат сертификат за учество. Тимовите чии апликации ќе освојат први награди ќе треба да му ги предадат изворниот код, правата на користење и материјалните права на авторското дело на Факултетот за информатика, УГД.

  •        Прва награда за најдобра студентска апликација: 50.000 денари
  •        Прва награда за најдобра средношколска апликација: 20.000 денари
  •        Награда за оригинална идеја: 5.000 денари
  • Преземете формулар

    Преземете плакат

    Преземете објава


    ПРОГРАМА


    Петок - 23 март 2018


    08:30 – 09:00   Регистрација на учесниците и тимовите
    09:00 – 09:30   Отворање на настанот од страна на Деканот на Факултет за информатика, УГД
    09:30 – 13:00   Работа на апликациите
    13:00 – 14:00   Ручек
    14:00 – 19:00   Работа на апликациите
    19:00 – 20:00   Вечера
    20:00 –                 Работа на апликациите, слободна програма и кој сака може да замине

    Сабота - 24 март 2018


    08:30 – 13:00   Работа на апликациите
    13:00 – 14:00   Ручек
    14:00 – 16:00   Работа на апликациите (прикачување на последната верзија на прототипот на апликацијата до 16:00 часот)
    16:00 – 17:30   Подготовка за презентации (комисијата го прегледува програмскиот код)
    17:30 – 19:00   Презентација на проектите пред комисијата
    19:00 – 20:00   Вечера на учесниците и заседание на комисијата
    20:00 – 20:30   Доделување на наградите и затворање на хакатонот

    *За време на целиот хакатон, учесниците ќе имаат пристап до бесплатни кафе и пијалоци


    ОРГАНИЗАЦИСКИ ОДБОР И КОМИСИЈА ЗА ОЦЕНКА


    Организациски одбор



    Александра Милева


    Душан Биков


    Александра Стојанова


    Комисија за оценка на проектите




    д-р Цвета Мартиновска Банде

    редовен професор на Факултет за информатика


    д-р Игор Стојановиќ

    вонреден професор на Факултет за информатика


    д-р Александра Милева

    вонреден професор на Факултет за информатика


    Дејан Митов

    Babylon Software Solution


    Сашко Андонов

    TECHKO NET


    Наќе Мицев

    CODEX Computers



    ПРОЕКТИ


    Капка живот

    Тим: Ground zero
    Членови: Ајша Рахмани, Сара Костоска, Марјан Михајловски и Роберт Јакимов, Факултет за информатика, УГД
    Прва награда за најдобра студентска апликација во вредност од 50.000 денари

    Дислексикон

    Тим: Code X Team
    Членови: Виктор Кузманов, Страшо Наумов и Саво Трајков, Гимназија Добри Даскалов – Кавадарци
    Прва награда за најдобра средношколска апликација во вредност од 20.000 денари

    eLab

    Тим: 404
    Членови: Кире Петров, Стефан Стојанов и Валерија Димковска, Факултет за информатика, УГД
    Награда за оригинална идеја во вредност од 5.000 денари

    Моја аптека

    Тим: GosoVikentiev
    Членови: Душко Манев, Фидан Стоименов, Иван Данилов, Климент Стаменков и Бојан Илијевски,Гимназија Ѓошо Викентиев - Кочани

    HD

    Тим: Health Developers
    Членови: Никола Варадинов, Симона Атанасова, Марија Накова, Факултет за информатика, УГД


    Универзитет "Гоце Делчев" - Штип
    Факултетот за информатика


    ул. "Гоце Делчев", бр.89
    2000 Штип, Македонија


    КОНТАКТИ




    Локација:

    Кампус 2, Факултетот за информатика
    Универзитетот “Гоце Делчев” - Штип

    ул. "Гоце Делчев", бр. 89
    Штип - 2000, Р. Македонија

    Информации:

    hakaton[at]ugd[dot]edu[dot]mk

    Лица за контакт:

    Александра Милева
    +389 32 550-106
    aleksandra[dot]mileva[at]ugd[dot]edu[dot]mk

    Душан Биков
    +389 32 550-135
    dusan[dot]bikov[at]ugd[dot]edu[dot]mk

    Хакатон на УГД, Факултетот за информатика
    Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип © 2018. Сите права се задржани.