Деканката на Факултетот за информатика проф. д-р Цвета Мартиновска-Бенде денеска го прими тимот од основци и средношколци од Кочани кои ќе настапат на меѓународен натпревар во Словенија.

Станува збор за натпревар по инженерство, а учество земаат ученици од целиот свет. Факултетот за информатика ќе го поддржи тимот финансиски и менторски.

  • Факултетот за информатика со задоволство ја прифати иницијативата на Клубот по роботика од средното училиште „Ѓошо Викентиев“ да биде покровител и да помогне во реализација на натпреварот First Lego League, регионален натпревар кој ќе се одржи во Словенија. Можам да истакнам дека ги поддржуваме ваквите воннаставни активности бидејќи сметаме дека на овој начин се продлабочува интересот на учениците и студентите за науката, особено за инженерството и математиката и на овој начин учениците и средношколците стекнуваат вештини кои понатаму можат да им бидат од корист на пазарот на трудот. На тимот „Макбот пионирс“ им ја честитам победата. Тие освоија прво место на државниот натпревар во Србија - изјави деканката проф. д-р Цвета Мартиновска-Бенде.

Деканката изрази надеж дека овие средношколци во иднина ќе бидат студенти на УГД и на Факултетот за информатика. Професорот Гордан Анастасов од средното училиште „Ѓошо Викентиев“ ја истакна благодарноста за поддршката што факултетот им ја дава на учениците.

  • Голема чест е за нас што една ваква институција ни даде признание и застанува зад она што го почнавме пред неколку месеци и ќе биде наш покровител за регионалниот натпревар кој ќе биде во Словенија. Ние сме прв клуб од Македонија кој учествува на оваа лига и го освоивме првото место - изјави професорот Гордан Анастасов.

Учениците на државниот натпревар во Србија се претставиле со проект за искористување на водите и дале едно инженерско решение за ефикасно одгледување на спирулина со минимални инвестиции.

Дел од учениците истакнаа дека натпреварувањето е многу интересно и корисно за нив и се надеваат дека на натпреварот во Словенија, со поддршка од УГД, ќе можат да донесат уште некој медал.

 Видео

Технички секретар

Габриела Богатинова
Тел: +389 32 550 100
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Валентина Давчева

Тел: +389 32 550 064

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Штип - Билјана Бојаџиска

Тел: +389 32 550 594

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Никица Георгиева

Тел: +389 32 550 042

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.