Факултетот за информатика при Универзитет „Гоце Делчев“ успешно го организираше вториот студентски Хакатон, кој годинава е дел и од манифестациите кои значат одбележување на патрониот празник на УГД - 27 март.

Седум тима, од кои три од студенти на Факултетот за информатика и четири од средните училишта во Кочани, Крива Паланка, Штип и во Кавадарци, два дена (23 и 24 март) работеа на програмирање на апликации на тема „Креативни решенија за здравството“, кои треба да им помогнат на здравствените работници, во вршењето на нивната работа, како и на пациентите и на старите и изнемоштени лица.

Во саботата најпрвин беа презентирани апликациите кои ги подготвија тимовите, по што им беа доделени наградите на најуспешните тимови студенти и средношколци од Хакатонот на УГД 2018.
Комисијата во состав: проф. д-р Цвета Мартиновска Банде, проф. д-р Александра Милева, проф. д-р Игор Стојановиќ, Наќе Мицев од CODEX Computers, Дејан Митов од  Babylon Software Solution и Сашко Андонов од TECHKO NET ги додели следниве награди:

• Прва награда за најдобра студентска апликација од 50000 денари за тимот „Ground Zero“, во состав: Ајша Рахмани, Сара Костоска, Марјан Михајловски и Роберт Јакимов од Факултетот за информатика при УГД за апликацијата „Капка живот”;

• Прва награда за најдобра средношколска апликација од 20000 денари за тимот „Code X Team“, во состав: Виктор Кузманов, Страшо Наумов и Саво Трајков од Гимназија „Добри Даскалов“ во Кавадарци за апликацијата „Дислексикон”;

• Награда за оригинална идеја од 5000 денари за тимот „404“, во состав: Кире Петров, Стефан Стојанов и Валерија Димковска од Факултетот за информатика при УГД за апликацијата „eLab”.
Деканката на Факултетот за информатика, проф. д-р Цвета Мартиновска-Банде, им додели благодарници за поддршка на Хакатонот на УГД 2018 на фирмите CODEX Computers, Babylon Software Solution и TECHKO NET.

Им честитаме на сите учесници и на наградените студенти и средношколци.

Повеќе информации ќе најдете на веб-страницата http://fi.ugd.edu.mk/hakaton2018/.

Технички секретар

Габриела Богатинова
Тел: +389 32 550 100
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Валентина Давчева

Тел: +389 32 550 064

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Штип - Билјана Бојаџиска

Тел: +389 32 550 594

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Никица Георгиева

Тел: +389 32 550 042

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.