Факултетот за информатика во текот на септември организира подготвителна настава по програмирање и математика за идните студенти.

Подготвителна настава ќе се одржува во просториите на Универзитет „Гоце Делчев” во градовите Штип, Струмица и Кавадарци, а ќе ја изведуваат професори и асистенти од Факултетот за информатика. Во Кавадарци ќе има само подготвителна настава по математика.

Предвидено е да се работи со групи од 5 до 15 луѓе. Наставата ќе се организира доколку се пријават доволно студенти за формирање на група за секој од двата курса. 

Датум на започнување на подготвителната настава:

  • Програмирање: 3 септември 2018 г.
  • Математика: 10 септември 2018 г.

Наставата по програмирање ќе се реализира во 10 дена по 2 часа дневно (вкупно 20 часа).

Наставата по математика ќе се реализира во 10 дена по 3 часа дневно (вкупно 30 часа).

Заинтересираните идни студенти треба да се пријават најдоцна до 2 септември 2018 г. до 10 часот. Пријавување и подетални информации на е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Сите пријавени студенти во предвидениот рок најдоцна до 3 септември до 10 часот ќе бидат известени дали се формирани групите и точното време за започнување на наставата.

Цена: 2.000 денари за програмирање и 3.000 денари за математика или 100 денари од час, со можност за плаќање на две рати.

Жиро-сметка: 100-0000000630-95

Назив и седиште на примач: Трезорска сметка, ДУ „Гоце Делчев” - Штип

Банка на примач: НБРМ

Сметка на корисник: 1600160330 788 22

Претходна шифра и програма: 723113 44

 

Содржина на Курсот по програмирање:

Тема 1: Запознавање со интегрираната околина за развој Dev C++. Запознавање со елементите: компајлер, поврзувач, дебагер, библиотеки со стандардни функции. Креирање на нов проект, зачувување на истиот, компајлирање и извршување.

Тема 2: Вовед во програмскиот јазик C++: синтакса (зборови, симболи, коментари), претпроцесор, дефинирање на заглавја, вклучување на датотеки, типови на податоци, изрази и искази, декларирање на променливи, оператори (аритметички, релациони, логички, за доделување). Влезно-излезни операции. Примери на едноставни C++ програми.

Тема 3: Редоследна структура. Изработка на едноставни програми.

Тема 4: Наредби за избор: if, if-else и switch. Вгнездување на if наредби. Изработка на едноставни програми со примена на наредбите за избор.

Тема 5: Наредби за повторување: while, do-while, for. Изработка на едноставни програми со користење на наредбите за повторување. Наредби за скок: break и continue.

Тема 6: Работа со еднодимензионална низа: декларирање и иницијализација на низа, пристап до елемент, читање и прикажување на еднодимензионална низа. Примери и решавање на задачи за низи.

Тема 7: Работа со дводимензионални низи: декларирање и иницијализација на дводимензионална низа, пристап до елемент, читање и прикажување на дводимензионална низа. Примери и решавање на задачи за дводимензионални низи.

Тема 8: Работа со текстуални низи: декларирање на текстуална низа, доделување на вредност, читање и прикажување на текстуални низи, добивање на знак од текстуална низа, менување на дел од текстуална низа, конкатанација на текстуални низи, функции за работа со текстуални низи. Примери и изработка на задачи со текстуални низи.

Содржина на Курсот по математика:

Тема 1: Множества: подмножество, операции со множества.

Тема 2: Пресликувања: дефиниција и својства.

Тема 3: Основни бројни множества: природни броеви; цели броеви; рационални броеви - операции со дропки, конечни и бесконечни децимални броеви; претворање на децимални броеви во дропки и обратно, операции со децимални броеви; ирационални броеви; реални броеви - апсолутна вредност, биномна формула.

Тема 4: Алгебарски рационални изрази: степени, полиноми, алгебарски дропки.

Тема 5: Линеарна функција: дефиниција и својства.

Тема 6:  Линеарни равенки и неравенки. Системи на линеарни равенки и неравенки.

Тема 7: Множество на комплексни броеви.

Тема 8: Квадратна функција: дефиниција и својства.

Тема 9: Квадратни равенки и неравенки.

Тема 10: Логаритамска функција: дефиниција и својства. Логаритамски равенки.

Тема 11: Експоненцијална функција: дефиниција и својства. Експоненцијални равенки.

Тема 12: Тригонометриски функции: дефиниција и својства. Тригонометриски равенки.

Технички секретар

Габриела Богатинова
Тел: +389 32 550 100
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Валентина Давчева

Тел: +389 32 550 064

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Штип - Билјана Бојаџиска

Тел: +389 32 550 594

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Никица Георгиева

Тел: +389 32 550 042

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.