На 1 март 2025г, во Дајмонд мол – Скопје, се одржа седмиот интернационален натпревар „First Lego League Challenge“.
Од организаторите на настанот на Факултетот за информатика, при Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип му беше доделена благодарница за континуираната поддршка во спроведување на натпреварот.
Годинава на натпреварот учествува 23 тимови, кои ги претставија своите решенија за вистински предизвици поврзани со зачувувањето на океаните, според овогодинешната тема SUBMERGED, а се натпреварува и во автономни роботски предизвици.
Овој настан е дел од глобалната иницијатива „First Lego League“, која ги воведува децата на возраст од 9 до 16 години во науката, технологијата, инженерството и математиката (STEM) преку практично учење. Настанот е поддржан од UNESCO програмата и има за цел да поттикне креативност, критичко размислување и тимска работа.
