Елена Карамазова Гелова
Кратка биографија
Публикации
Кратка биографија
Елена Карамазова Гелова е родена во Кавадарци на 07.10.1985 година. Основно и средно образование завршува во Кавадарци. Во 2004 година се запишува на Природно-математички факултет на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на насоката Наставна математика на Институтот за математика. Додипломските студии ги завршува 2008 година. Образованието го продолжува на постдипломски студии по Применета математика во областа на електротехниката и информациските технологии на Факултетот за електротехника и информациски технологии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 2011 година се стекнува со академски степен магистер по електротехника и информациски технологии во област (потесна специјалност) применета математика во електротехниката и информациските технологии.
Докторски студии запишува на Школата за докторски студии при Природно-математичкиот факултет на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, на студиската програма Математички науки и примени. За време на докторските студии истражува во областа на комплексната анализа. На 9.11.2017 година со успешна одбрана на докторската дисертација се стекнува со академски степен доктор на математички науки.
Нејзината научноистражувачка работа се карактеризира со учество во неколку COST и Erasmus проекти, авторство или коавторство на над 50 научни трудови во регионални и меѓународни списанија и конференции, како и авторство и коавторство на неколку учебници во земјава и странство. Нејзините истражувања главно се од комплексна анализа, применета математика и операциони истражувања. Таа е дел од програмскиот комитет на научното списание Mathematics and Computer Science.

Селектирани публикации
THIRD ORDER HANKEL DETERMINANT FOR INVERSE FUNCTIONS OF A CLASS OF STARLIKE FUNCTIONS OF ORDER α
Gelova, E.K. , Tuneski, N.
International Journal of Applied Mathematics, 2024, 37(3), pp. 369–381
Gelova, E.K. , Tuneski, N.
International Journal of Applied Mathematics, 2024, 37(3), pp. 369–381
An Optimization Model for Scheduling Additional Medical Personnel During a PandemicGelova, E.K. , Mančevska, S. , Vitanova, M.K.
TEM Journal, 2023, 12(4), pp. 1979–1984
Simple sufficient conditions for bounded turning
Tuneski, N. , Darus, M. , Gelova, E.
Rendiconti del Seminario Matematico dell ‘Universita’ di Padova/Mathematical Journal of the University of Padova, 2014, 132, pp. 231–238