Марија Митева
Кратка биографија
Публикации
Кратка биографија
Марија Митева е родена 1982 година во Свети Николе. Основно и средно гимназиско образование завршува во родниот град, со континуиран одличен успех. Како ученик учествува на регионални и државни натпревари по математика, освојувајќи бројни награди и пофалници, со што учество зема и на Македонската математичка олимпијада. Во 2006 година дипломира на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје добивајќи звање дипломиран професор по математика, по што во 2008 година запишува магистерски студии на насоката применета математика во електротехниката и информациските технологии при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. Магистерските студии ги завршува во 2011 година со одбрана на магистерската работа Модели на Лоренц и нивна примена. Истата година започнува докторски студии по математички науки и примена. Во 2017 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје успешно ја брани докторската дисертација Производи на дистрибуции во алгебри на Коломбо со што ја добива титулата доктор на математички науки.
На Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип работи од 2008 година, најпрво како лаборант, од 2011 година како помлад асистент и од 2014 до 2018 година како асистент докторанд, во кој период е ангажирана во изведување на наставата по различни предмети од полето на математиката. Во 2018 година е избрана за доцент на Факултетот за информатика за областите математика и анализа и функционална анализа, а во 2023 година е избрана за вонреден професор на истите области. Како наставник на Факултетот за информатика одржува настава по група предмети од областа на математиката не само на матичниот факултет туку и на други единици при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Активно се занимава со научно-истражувачка и стручно-апликативна дејност. Автор е на повеќе трудови објавени во меѓународни научни списанија, од кои поголем број се индексирани во базите на Web of Science и Scopus. Учесник е на бројни меѓународни и домашни научни и стручни конференции, семинари и работилници на кои ги презентира своите резултати. Учесник е на повеќе научни, стручни и апликативни проекти. Автор е на неколку учебници и учебни помагала како за студенти, така и за ученици. Рецензент е на повеќе научно-истражувачки трудови како и на универзитетски учебници и учебници за средно образование. На линкот Items where Author is “Miteva, Marija” – UGD Academic Repository може да се видат сите нејзини публикувани резултати.

Селектирани публикации
Products of distributions in Colombeau algebra
Miteva, M. , Lazarova, L.K. , Zlatanovska, B. , Stojkovikj, N.
Asian-European Journal of Mathematics, 2024, 17(7), 2450048
Miteva, M. , Lazarova, L.K. , Zlatanovska, B. , Stojkovikj, N.
Asian-European Journal of Mathematics, 2024, 17(7), 2450048
Application of Agent-Based Modelling in Learning Process
Stojkovikj, N. , Lazarova, L.K. , Stojanova, A. , … Zlatanovska, B. , Kocaleva, M.
Informatica (Slovenia), 2024, 48(1), pp. 11–20
Analysis and prediction of the spread of COVID-19 in North Macedonia
Lazarova, L.K. , Stojanova, A. , Stojkovikj, N. , Miteva, M. , Ljubenovska, M.
Asian-European Journal of Mathematics, 2022, 15(10), 2250237
Vaccination queueing system simulation
Stojkovikj, N. , Stojanova, A. , Lazarova, L.K. , Miteva, M. , Redzepovska, P.
Asian-European Journal of Mathematics, 2022, 15(10), 2250238
Commutative Neutrix Convolution Product of Generalized Fresnel Sine Integrals and Applications
Lazarova, L.K. , Miteva, M. , Jusufi-Zenku, T.
Filomat, 2022, 36(16), pp. 5417–5422
Application of graph theory in teaching and understanding of the mathematical problems
Lazarova, L.K. , Stojkovikj, N. , Stojanova, A. , Miteva, M.
IEEE Global Engineering Education Conference, EDUCON, 2022, 2022-March, pp. 1594–1601
MATHEMATICAL MODEL FOR PREDICTIONS OF COVID-19 DYNAMICS
Lazarova, L.K. , Stojkovikj, N. , Stojanova, A. , Miteva, M. , Ljubenovska, M.
International Journal of Applied Mathematics, 2022, 35(1), pp. 119–133
PRODUCT OF THE GENERALIZED FUNCTIONS x–−k AND δ(p) (x) IN COLOMBEAU ALGEBRA
Miteva, M. , Jolevska-Tuneska, B. , Lazarova, L.K.
International Journal of Applied Mathematics, 2022, 35(1), pp. 147–159
A way to generate singular matrix
Miteva, M. , Lazarova, L.K. , Stojkovik, N. , Stojanova, A.
Advances in Mathematics: Scientific Journal, 2020, 9(7), pp. 4329–4344
Results on the Colombeau Products of the Distribution x+−r−1/2 with the Distributions x−−k−1/2 and x−k−1/2
Miteva, M. , Jolevska-Tuneska, B. , Atanasova-Pacemska, T.