Можност за студентите од Факултет за информатика  да аплицираат на SEEDIG Youth School 2025

SEEDIG Youth School 2025 на избраните учесници им нуди:
In-depth обука за управување со интернет и дигитални политики
Можности за меѓународно умрежување со врсници од Југоисточна Европа и пошироко
Развивање на практични вештини за зајакнување на академската и професионалната кариера
Програмата е отворена за студенти на возраст од 18 до 30 години, особено за оние од областа на информациските технологии, но добредојдени се и апликации од студенти од други дисциплини кои се заинтересирани за дигиталните политики.
Рокот за аплицирање е 30 јуни 2025 година. Студентите се охрабруваат да аплицираат навреме за да си обезбедат место во оваа програма.
За повеќе информации и упатства за аплицирање, заинтересираните студенти можат да контактираат со Olga Kyryliuk (olga_kyryliuk@ukr.net), една од координаторите на иницијативата.