УГД Makerspace отвори повик за млади на возраст од 15 до 29 години за учество во истражување и работа на првата лабораторијата за истражување, креирање и иновативност во Источна Македонија! Идејата е младите, работејќи во тимови и водени со еден или повеќе ментори, да развиваат и разработуваат иновативни идеи, да ги реализираат до фаза на прототип и истите да ги претстават пред стручната и бизнис заедницата.
УГД Makerspace лабораторијата за истражување, креирање и иновативност е сместена на Техничкиот камус на Универзитетот “Гоце Делчев”, Кампус 2 и е опремена со 3Д печатари, 3Д скенери, автономни летала, четириножен робот, ЕЕГ капа, очила за мешана реалност и контролери, длабочинска 3Д камера, акциска 360 камера, термална камера, ЦНЦ рутер и ласер, компјутерсизирана машина за везење и ткаење, паметни очила за AR/VR, развојни микрокомпјутери, сензори, и сл.
Кој може да аплицира?
Сите млади од земјата на возраст од 15 до 29 години. Нема ограничување во однос на местото на живеење, статусот на учење/работење или образовната институција од каде доаѓаат.
Како ќе се одвива работата во УГД Makerspace?
Работата ќе се одвива во тимови од 7 до 10 лица, од кои најмалку 40% треба да бидат женски лица. Тимовите ќе бидат менторирани од професори и експерти од различни области. Работата на еден проект ќе трае од 2 до 4 месеци, а добиениот прототип ќе биде презентиран на настан пред стручната и бизнис заедница. Дополнително, за потребите на тимовите, во одредени случаи, кога тоа е можно и потребно, тимовите ќе може да ги користат и дел од лабораториите што тековно постојат на УГД (во договор со соодветните раководители).
Пријавувањето е отворено од 1 април 2025 до 30 април 2025 година на следниот линк.