Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип беше домаќин на Проф. Андреас Спаниас, реномиарн професор од Државниот универзитет во Аризона (ASU), САД, кој одржа семинар на 25 февруари 2025 година, под наслов „SenSIP Research in Classical and Quantum AI for Energy and other Applications“. Семинарот се одржа во просториите на бизнис-акцелераторот на Факултетот за информатика на Кампус 2 во Штип.
Андреас Спаниас е професор на Факултетот за електротехника, компјутерско и енергетско инженерство на Државниот универзитет во Аризона (ASU). Тој е исто така директор на Центарот за обработка на сензорски сигнали и информации (SenSIP) и основач на индустрискиот конзорциум SenSIP, кој е и NSF I/UCRC центар. Неговите истражувачки интереси опфаќаат адаптивна обработка на сигнали, обработка на говор, квантно машинско учење и сензорски системи. Тој и неговите студенти го развија наградуваниот софтвер J-DSP, кој беше поддржан од NSF. Автор е на повеќе од 350 научни трудови, 11 монографии и 26 патенти во САД. Андреас Спаниас е ко-добитник на престижната награда за научен труд IEEE Donald G. Fink (2002) и во 2003 година беше избран за IEEE Fellow. Во 2018 година ја добил IEEE Phoenix Chapter наградата со признание: “За значајни иновации и патенти во обработката на сигнали за сензорски системи”. Тој е Сениор член на Националната академија на пронаоѓачи (NAI).