Јасмина Вета Буралиева
Кратка биографија
Публикации
Кратка биографија
Доц. д-р Јасмина Вета Буралиева, со одбрана на докторскиот труд под наслов „Асимптотска анализа на дистрибуции со користење интегрални трансформации и рамки“ на Природно-математичкиот факултет при УКИМ во Скопје, под менторство на проф. д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева, редовен професор на ФЕИТ при УКИМ во Скопје, во 2020 година, се стекнува со научниот назив доктор на математички науки. Во 2011 година магистрира на Факултетот за електротехника и информациски технологии при УКИМ во Скопје, под менторство на проф. д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева на студиската програма применета математика, а во 2008 година дипломира на Природно-математичкиот факултет при УКИМ во Скопје, на студиската програма математика-наставна.
Во 2021 година д-р Јасмина Вета Буралиева е избрана за доцент на Факултетот за информатика при Универзитетот Гоце Делчев во Штип, каде работи од 2009 како асистент и асистент докторант. Од 2009 година, па до денес е ангажирана на различни предмети на повеќе факултети при Универзитетот Гоце Делчев во Штип и тоа: Факултет за информатика, Машински факултет, Медицински Факултет, Економски факултет и други.
Автор е на многу научни трудови од областа на функционална анализа и применета математика од кои неколку се објaвени во меѓународни списанија со импакт фактор во еминентните издавачки куќи Springer и Tаylor & Francis. Активно учествува на конференции, семинари и научни собири од областа на истражување. Учесник е на неколку научно-истражувачки проекти и автор е на неколку учебни помагала. Има остварено неколку студиски престои на Истражувачкиот центар за акустика при Австриската академија на науките во Виена, каде работи со експерт од областа на рамки, проф. д-р Диана Т. Стоева која вооедно е нејзин надворешен ментор при израбoтката на докторската дисертација.
Член е на професионалните организации: European Women in Mathematics (EWM) и Сојуз на математичари во Македонија.
Области на истражување: Фурјеова анализа, функционална анализа, интегрални трансформации, теорија на дистрибуции, рамки, обични диференцијални равенки, реални функции.
Линк до објавени трудови, проекти и учебни помагала: https://eprints.ugd.edu.mk/view/creators/Veta_Buralieva=3AJasmina=3A=3A.html
Контакт: jasmina.buralieva@ugd.edu.mk

Селектирани публикации
Asymptotic Relations for the Distributional Stockwell and Wavelet Transforms
Buralieva, J.V.
Functional Analysis and its Applications, 2023, 57(1), pp. 29–39
Tauberian theorems for the Stockwell transform of Lizorkin distributions
Saneva, K.H.-V. , Atanasova, S. , Buralieva, J.V.
Applicable Analysis, 2020, 99(4), pp. 596–610
Directional Short-Time Fourier Transform and Quasiasymptotics of Distributions
Buralieva, J.V. , Saneva, K. , Atanasova, S.
Functional Analysis and its Applications, 2019, 53(1), pp. 3–10