Студентки од завршните години на факултети од ИТ и СТЕМ областите, како и жени-менаџерки, сопственички од агробизнисот и производството на храна имаат одлична можност да учествуваат на бесплатни обуки на Академијата за жени- претприемачки.
Отворено е пријавувањето за бесплатно учество на Академијата за жени-претприемачки (AWE) во Република Северна Македонија. Наменета за студентки од завршните години на факултетите од ИТ и СТЕМ областите, како и за жени-сопственички или менаџерки во областа на агробизнис и производство на храна, Академијата нуди платформа за поттикнување на претприемништвото и иновациите кај жените, овозможувајќи им да навлезат и напредуваат во бизнис води во кои традиционално доминираат мажите. Токму затоа, годинава Академијата се фокусира на девојките и жените од гореспоменатите области.
Примарната цел на Академијата е да се обезбеди знаење, вмрежување, пoтребно за да основа сопствен бизнис и да се развие постoечкиот.
Станува збор за онлајн-програма за обука, во чиј центар е платформата DreamBuilder, која е развиена во партнерство помеѓу Thunderbird – школата за глобален менаџмент на Државниот универзитет во Аризона и американската фондација Freeport-McMoRan. Програмата опфаќа основи на пишување бизнис план, продажба и маркетинг, обезбедување на финансирање, управување со ресурси и друго, при што секоја учесничка креира и персонализиран бизнис план, употребувајќи корисни алатки и шаблони, кои им се на располагање и по завршување на Академијата. По завршување на програмата секој учесник ќе има свој бизнис план, подготвен за имплементација.
Академијата за жени-претприемачки (AWE) е формирана во 2019 година од страна на Бирото за образовни и културни работи на Американската Влaда и се спроведува во преку 80 држави низ светот, помагајќи на повеќе од 15.000 жени претприемачки да основаат сопствен бизнис или да го прошират и зголемат својот веќе постоечки бизнис. (https://eca.state.gov/awe)
Академијата e поддржана од Амбасадата на САД во Република Северна Македонија, a имплементирана од страна на Mакедонско-американска алумни асоцијација.
Во зависност од интересот, отворена е и можноста за организирање на инфо-сесии за Академијата.
Повикот ќе трае до 22 септември, а Академијата ќе започне на 4 октомври и ќе трае до средината на декември oваа година.
Сите заинтересирани кандидатки може да се пријават на следниов линк – https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeUdXuKPkPojZTTCLRD-lLVHy-HpK14mTPte5eYo1u4llKDPw/viewform