Александра Милева
Кратка биографија
Публикации
Кратка биографија
Александра Милева е редовен професор на Факултетот за информатика, УГД во Штип. Таа дипломирала, магистрирала и докторирала на Институтот за информатика, Природно-математички факултет, УКИМ во Скопје, во 1998, 2004 and 2010, соодветно. За време на докторските студии, била еден од дизајнерите и имплементаторите на фамилијата хеш функции NaSHA, која стана еден од 51 кандидати на NIST First Round SHA-3 натпреварот (2007-2012).
Тековно е раководител на Лабораторијата за компјутерска безбедност и дигитална форензика и шеф на Катедрата за компјутерски технологии и интелигентни системи. Неколку семестри била онлајн предавач на Шиалуаи академијата и Паневежио колеџот во Литванија, а од 2023/24 е онлајн визитинг професор на Вилнус универзитетот во Литванија.
Нејзините научно-истражувачки интереси вклучуваат: компјутерска и мрежна безбедност, примена на вештачката интелигенција во безбедноста, IoT протоколи и безбедност, безбедност на медицинските стандарди, криптографија, мрежни протоколи, дигитална стеганографија и дигитална форензика. Таа е автор или коавтор на околу 100 научни и стручни трудови, учебници и материјали за предавање во соодветните области. Била MC член на две COST акции (IC1201: BETTY и IC1306: Cryptography for Secure Digital Interaction). Од 2024 член е на Steering комитетот на European Interdisciplinary Cybersecurity Conference (EICC). Милева била вклучена во повеќе национални и меѓународни проекти, со универзитети од Кина, Португалија, Австрија и Бугарија, и е истражувач во проектите Network Information Hiding Patterns и Information Hiding Patterns Project.
Од 2014 до 2021 била експерт евалуатор за предлози проекти од Horizon 2020 и Horizon Europe програмите, а има искуство и како експерт за мониторирање на проекти од истите програми. Била член на Advisory Board на Horizon 2020 SIMARGL проектот. Од 2019 до 2024, таа е избран член на EURASIP TAC on Biometrics, Data Forensics, and Security (BForSec), и негов потпретседател за 2024. Од 2018 член е на American Mathematical Society со неколку објавени прегледи во Mathematical Reviews. Член е на IEEE.
Тековно е едитор на следните списанија: International Journal of Information Security, Journal of Universal Computer Science, Journal of Cyber Security and Mobility, Frontiers in Computer Science, Balkan Journal of Applied Mathematics and Informatics, и Mathematics, Computer Science and Education. Учествувала како гостин едитор на неколку специјални броеви на списанијата: IEEE Security & Privacy, Journal of Universal Computer Science, IEEE Internet of Things Journal, и други.
Публикации
Селектирани публикации
Comprehensive analysis of MQTT 5.0 susceptibility to network covert channels.
Mileva, Aleksandra and Velinov, Aleksandar and Hartmann, Laura and Wendzel, Steffen and Mazurczyk, Wojciech
Computers & Security, 104 (102207). ISSN 0167-4048
Applications of Quasigroups in Cryptography and Coding Theory
Markovski, S. , Bakeva, V. , Dimitrova, V. , … Popovska-Mitrovikj, A. , Trpcheska, H.M.
STEAM-H: Science, Technology, Engineering, Agriculture, Mathematics and Health, 2023, Part F1836, pp. 419–489
Hiding Data in a Switched Network
Mileva, A. , Tikvesanski, J.
Journal of Wireless Mobile Networks, Ubiquitous Computing, and Dependable Applications, 2022, 13(3), pp. 37–49
Investigation of Some Cryptographic Properties of the 8×8 S-boxes Created by Quasigroups.
Mileva, Aleksandra and Stojanova, Aleksandra and Bikov, Dusan and Xu, Yunqing
Computer Science Journal of Moldova, 28 (3 (84)). pp. 346-372. ISSN 1561-4042
Covert Channels in the MQTT-based Internet of Things.
Velinov, Aleksandar and Mileva, Aleksandra and Wendzel, Steffen and Mazurczyk, Wojciech
IEEE Access, 7. pp. 161899-161915. ISSN 2169-3536
Information Hiding in the DICOM Message Service and Upper Layer Service with Entropy-Based Detection
Mileva, A. , Velinov, A. , Dimitrova, V. , Caviglione, L. , Wendzel, S.
Entropy, 2022, 24(2), 176
Analysis of the Authenticated Cipher MORUS (v1).
Mileva, Aleksandra and Dimitrova, Vesna and Velichkov, Vesselin
In: Cryptography and Information Security in the Balkans – Second International Conference, BalkanCryptSec 2015, Koper, Slovenia, September 3-4, 2015, Revised Selected Papers. Lecture Notes in Computer Science (9540). Springer International Publishing Switzerland, pp. 45-59. ISBN 978-3-319-29172-7
A Revised Taxonomy of Steganography Embedding Patterns
Wendzel, S. , Caviglione, L. , Mazurczyk, W. , … Keller, J. , Neubert, T.
ACM International Conference Proceeding Series, 2021, 3470069
Risks and Opportunities for Information Hiding in DICOM Standard
Mileva, A. , Caviglione, L. , Velinov, A. , Wendzel, S. , Dimitrova, V.
ACM International Conference Proceeding Series, 2021, 3470072
Covert channels in TCP/IP protocol stack – extended version-.
Mileva, Aleksandra and Panajotov, Boris
Central European Journal of Computer Science, 4 (2). pp. 45-66.