ЛАБОРАТОРИИ

Лабораторија за дигитални ресурси и отворен пристап

Во рамките на лабораторијата ќе се прават научни истражувања, како:

Процес на дигитализација;

Складирање, чување и одржување на дигиталните ресурси;

Регистрација и индексирање на дигиталните ресурси;

Архитектура на репозиториумите;

Стандардизација на дигиталните ресурси, репозиториуми и библиотеки;

Имплементација на информациски системи поврзани со дигиталните ресурси, репозиториуми и библиотеки;

Друго неспомнато, а поврзано со користењето на дигиталните ресурси, репозиториуми и библиотеки.

Апликацијата на истражувањата за практична примена ќе се одвива преку:

Организирање на предавања, работилници и семинари за дигитализација, дигитални ресурси и дигитални репозиториуми;

Обуки за практично користење на дигиталните ресурси;

Имплементација на дигитални репозиториуми и библиотеки;

Имплементација на информациски системи поврзани со дигитални ресурси.

Лабораторија за роботика и интелигентни системи

Во рамките на лабораторијата ќе се прават научни истражувања, како:

Развивање на математички модели на различни роботски системи и нивна контрола;

Развивање на алгоритми за генерирање препораки и поддршка на одлучување во земјоделието, здравството и здравствената заштита;

Развој на алгоритми и алатки за обработка на големи податочни множества и извлекување на знање и трендови од истите;

Развој на иновативни концепти во областа на интеракциските технологии;

Истражувања во областа на компјутерската графика и визуализација на податоци;

Истражувања во областа на сензорски системи, Internet of Things (IoT), wearable технологии и сл.

Апликацијата на истражувањата за практична примена ќе се одвива преку:

Изработка на интелигентни системи и нивна примена во здравството и превентивната заштита;

Изработка на интелигентни системи и нивна примена во земјоделието;

Изработка на интелигентни системи за подобрување на процесите на производство;

Изработка на интелигентни системи за автоматизација на домовите за живеење;

Изработка на студии на случај во областа на интелигентните системи и нивна примена;

Развивање на софтверски апликации за десктоп компјутери, веб апликации, мобилни апликации, апликации за мобилни и вградливи уреди и сл.

Лабораторија за компјутерска безбедност и дигитална форензика

Во рамките на лабораторијата ќе се прават научни истражувања, како:

Безбедност на софтер, со посебен акцент на безбедноста на веб апликациите и бази на податоци, како и безбедноста на системите за управување со содржини;

Безбедност на мрежа, со посебен акцент на анализа на безбедноста на мрежните протоколи;

Користење на техниките како податочно рударење и визуализација за анализа на мрежни податоци, како логови и сл.;

Безбедност на оперативните системи за мобилни телефони;

Безбедност на апликациите за мобилни телефони;

Анализа на ранливости и злонамерен код;

Анализа на напади;

Истражувања од криптографија и криптанализа;

Форензика на преносни уреди;

Форензика на специфични напади на веб-апликации;

Криење на податоци во мрежни протоколи (мрежна стеганографија);

Криење на податоци, скриени канали и безбедност на слики, аудио, видео и сл.;

Приватноста и локациски базираните сервиси;

Техники на дигитални жигови (Digital watermarking);

Друго неспомнато, а поврзано со безбедноста на компјутерските системи и компјутерската форензика.

Апликацијата на истражувањата за практична примена ќе се одвива преку:

Скенирање на безбедност на веб-апликации и веб-портали;

Скенирање на безбедноста на мрежи;

Обуки за безбедно програмирање, на пример за администратори на системи за управување со содржини;

Наоѓање на информации, како и враќање на избришани или изгубени податоци од компјутери и други дигитални уреди;

Истражување и анализа на дигитални докази и враќање на податоци за граѓански или судски потреби;

Форензика на мобилни уреди и компјутерски системи;

Лабораторија за статистика, квантитивни истражувања и примени

Во рамките на лабораторијата ќе се прават научни истражувања, како:

Евалуација на локални, регионални и национални политики, мерки и состојби во повеќе сфери – финансии, образование, социјала, земјоделие, технологија и техника...;

Правење на симулации и предвидувања на одредени појави, трендови и феномени во повеќе сфери;

Изработка на научни, бизнис и други студии базирани на соодветни истражувања на пазарот/ теренот;

Емпириска анализа на финансискиот пазар, пазарот на труд, пазарот на добра и услуги...;

Поддршка на други истражувања...

Апликацијата на истражувањата за практична примена ќе се одвива преку:

Прибирање и обработка на податоци;

Набљудување и опсервирање на појавата која е предмет на истражување;

Креирање на математички модел;

Трансформирање на математичкиот во друг (економетриски, статистички...) модел со цел проценка на зависноста помеѓу варијаблите на моделот;

Естимација и донесување на адекватни заклучоци…;

Лабораторија за сеизмологија и земјотресно инженерство

Во рамките на лабораторијата ќе се прават научни истражувања, како:

Развивање на параметарски модел на интеракција тло-конструкција при влезни SH-бранови;

Развивање на параметарски модел на интеракција тло-конструкција при влезни P-SV-бранови;

Истражување на појавата на пукнатини во тлото во случај на сеизмичка побуда на истата;

Влијанието на пукнатите во тлото врз нејзината носивост во случај на сеизмичка побуда на постоечки објект;

Истражување на однесувањето на подземните објекти под влијание на сеизмички бранови;

Развивање на тродимензионален модел за симулација на интеракцијата тло-конструкција.

Апликацијата на истражувањата за практична примена ќе се одвива преку:

Изработка на статички и динамички проекти за димензионирање на градежни објекти;

Изработка на статички и динамички проекти за анализа на постоечки градежни објекти;

Ревизија на изработени проекти за статичка и динамичко димензионирање на градежни конструкции;

Испитување на поместувањето и деформациите на постоечки објекти при надземни активности во рудници и издавање препорака за превенција;

Лабораторија за геоматика

Во рамките на лабораторијата ќе се прават научни истражувања, како:

Истажување и развој на апликации за геоматика;

Истражување и развој на геоинформациони модели и системи и нивна примена на Универзитетот „Гоце Делчев“ како и во други институции;

Истажување и развој на облак апликации;

Моделирање, симулација и оптимизација со користење на машинско учење и големи податоци;

Изработка на научни, бизнис и други студии;

Поддршка на други истражувања во Универзитетот и пошироко.

Апликацијата на истражувањата за практична примена ќе се одвива преку:

Прибирање и обработка на податоци;

Креирање на геоинформационен систем на Универзитетот „Гоце Делчев“;

Креирање на модели, нивна симулација и оптимизација;

Развивање на облак апликации;

Анализа и дискусија на добиените резултати, како и нивно објавување во меѓународни списанија;

Институт за информатика

Институтот за информатика, при Факултетот за информатика, има за цел да го промовира и поддржува информатичкиот развој во сферата на образованието, истражувањето и примената на иновативни информатички технологии, во соработка со домашни и странски експерти на универзитетско, регионално, национално и меѓународно ниво. Институтот исто така има за цел да развива иновативни решенија преку восоко-квалитетни истражувања и да ги пренесува истите во индустрискиот сектор, да развива нови технологии и системи кои ги интегрираат истражувањето, образованието и иновациите во доменот на академската и индустриската сфера, преку своите ИТ академии има за цел да го поддржува и поттикнува професионалното и стручно доусовршување и дообразба на студентите во ИТ сферата, да организира натпревари, семинари и конференции од сферата на ИТ, да промовира и публикува научни и стручни дела од подрачјето на ИТ, да остварува активна соработка со други субјекти од земјава и странство, преку консултации, семинари, дискусиони групи реализација на апликативни и истражувачки проекти проекти и нудење на IT експертиза.