Групацијата Лимак веќе трета година ја спроведува иницијативата Global Engineer Girls (GEG) во Македонија,
Oсновна мисија на GEG иницијативата е да обезбеди ефективна поддршка за девојките и младите жени кои сакаат да бидат инженери да стекнат соодветно практично искуство и да изградат кариера во областа на науката, технологијата, инженерството и математиката, позната како СТЕМ област.
За да ја исполни оваа мисија, GEG North Macedonia ќе обезбеди стипендии за девојки кои се запишале и студираат на додипломски студии на инженерски факултети на државните универзитети во земјава. Дополнително, GEG ќе обезбедува и програми за менторство и развој на дигитални и меки вештини, како и можности за практикантска работа за младите жени – инженери.
Целта на овие активности е да се намали постојниот родов јаз во СТЕМ областа во земјава, со тоа што ќе се зголеми учеството на жените во овие сектори и занимања кои историски се доминирани од мажите.
Аплицирај на линкот во прилог https://northmacedonia.globalengineergirls.com/join-geg-north-macedonia и стани и ти дел од GEG.