На 2.10.2024 Факултетот за информатика организираше настан во соработка со USAID CIDR програмата, со цел подигање на свеста на новите студенти за сајбер безбедноста. На настанот прво проф. Александра Милева одржа предавање на студентите на тема Сајбер хигиена за студенти, а потоа претставник на USAID CIDR програмата, г-ѓа Лилјана Пецова Илиеска спроведе TTX вежба, каде студентите низ игра се запознаваа со многу поими од сајбер безбедноста. Вежбата беше фокусирана на индустриските контролни системи со водени турбини, а студентите имаа улога да ја менаџираат сајбер безбедноста за мала постројка. Тие беа водени низ одлуки како да го алоцираат буџетот, да ги балансираат заканите и како да одговорат на постоечки сајбер закани и да се справат со постоечки ранливости. На крајот дел од опремата за вежбата беше подарена на Факултетот за информатика за организирање на идни вакви настани и вежби.
#USAIDNMacedonia
#USAIDNMacedonia