Прво место на научно-спортскиот настан „Приматијада“ – 2022 за студентка од Факултетот за информатика

Во конкуренција со студенти од Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина, нашата Памела Реџеповска, студентка од 4та година на Факултетот за информатика го освои првото место со својот научен труд ,,Програм за снимање на присуство на студенти преку препознавање на лице” на научно-спортскиот настан „Приматијада“ – 2022 во Будва, Црна Гора во категоријата информатика.
Честитки до нашата студентка и и посакуваме уште поголеми успеси во иднина!