На ден 14.12.2022г (Среда) со почеток во 14:30ч во Амфитеатар 1, Кампус 2 во Штип, претставници на групацијата Лимак ќе одржат презентација на иницијативата GEG и ќе ги претстават можностите за парични стипендии и менторска поддршка на студентките од Факултетот за информатика, Факултетот за природни и технички науки, Електро-техничкиот и Машинскиот факултет при УГД.
Групацијата Лимак почнува да ја спроведува иницијативата Global Engineer Girls (GEG) во Македонија, заедно со стратешките партнери – Министерството за образование и наука и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Oсновна мисија на GEG иницијативата е да обезбеди ефективна поддршка за девојките и младите жени кои сакаат да бидат инженери да стекнат соодветно практично искуство и да изградат кариера во областа на науката, технологијата, инженерството и математиката, позната како СТЕМ област.
За да ја исполни оваа мисија, GEG North Macedonia ќе обезбеди стипендии за девојки кои се запишале и студираат на инженерски факултети на државните универзитети во земјава. Дополнително, GEG ќе обезбедува и програми за менторство и развој на вештини, како и можности за практикантска работа за младите жени – инженери.
Процесот на аплицирање ќе започне на 19 декември и ќе трае до 8 јануари 2023 година.
Целта на овие активности е да се намали постојниот родов јаз во СТЕМ областа во земјава, со тоа што ќе се зголеми учеството на жените во овие сектори и занимања кои историски се доминирани од мажите. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика се проценува дека Македонија годишно губи 16 % од БДП како резултат на родовиот јаз. Целта на GEG е да ја унапреди свесноста за родовота еднаквост во општеството и да ги охрабри компаниите да го променат нивниот однос кон родовиот јаз во нивните организациски структури.