Во рамките на проектот „Роботика и инклузија на ученици со попреченост во специјалното образование“ професори од УГД и експерти партнери во проектот извршија презентација на активностите кои одат во насока на подобрување на инклузијата за деца со попреченост во образовниот процес.
Овој проект е дел од Програмата „Еразмус плус“ и Универзитетот „Гоце Делчев“ е партнерска институција, а овде се координаторите, колегите од Франција, како и колегите од останатите четири држави, а тоа се Латвија, Италија, Турција и Грција. Ова е наш втор состанок, а истовремено е и обука за наставници. Во соработка со нашиот придружен партнер, Академијата за СТЕМ роботика, ќе имаме и практични активности поврзани со овие ученици кои имаат специјални образовни потреби. Заедно со Академијата за СТЕМ роботика ќе ја презентираме и технологијата која треба да им помогне на овие ученици – изјави проф. д-р Татјана Пачемска од Универзитетот „Гоце Делчев“. Во следниот период проектот треба да даде придонес во состојбата за добивање поддршка на учениците со попреченост во образованието. УГД е одговорен за делот кој е поврзан со проблемите на учење, разбирање и практикување математика.
Овде сме да го направиме концептот и идниот дизајн на роботот кој треба да биде продукт од нашиот проект. Овој робот ќе помогне во поддршка на учењето кај учениците со тешкотии во учењето – изјави проф. Хуарт Роксан, од партнерската институција од Франција. Во процесот се вклучени и од Академијата за СТЕМ роботика од Кочани кои веќе имаат искуство со работа со талентирани ученици, а овој пат треба да го адаптираат процесот на ученици со посебни потреби.
Едукативата роботика ја применуваме кај талентирани ученици, но имаме обиди и кај ученици кај кои им е потребна помош во совладувањето на материјалите. Токму затоа и ние сме дел од овој процес. Децата ја прифаќаат технологијата одлично и сигурен сум дека овие роботи можат многу да им помогнат – изјави проф. Гордан Анастасов од СТЕМ роботика – Кочани.
Проектот ќе резултира со технологија која ќе им помага на учениците да ги совладаат основните образовни проблеми, но и животните вештини. Денес на настанот беа присутни и дечињата од училиштето „Искра“ во Штип, како и голем број наставници кои во иднина треба да работат со овие деца.