Професорот Владо Гичев од Факултетот за информатика беше еден од 24те поканети предавачи на реномирана меѓународна конференција 1st International Conference of Safety and Resilience of Infrastructure која се одржа во периодот 12 до 15 Август 2024 во Тианџин, Кина. Конференцијата беше организирана од најголемата лабораторија за симулации во земјотресното инженерство во светот.
За време на конференцијата беа реализирани вкупно 24 тематски сесии.
Професорот Гичев пред реномираниот академски аудиториум ги презентираше своите истражувања и ги промовираше резултатите на својата истражувачка група која работи на Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.