ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ ВО ФЕВРУАРСКА (ДВОЈНА) СЕСИЈА 2024 ГОДИНА

Се информираат студентите од сите три циклуси на студии за предвидените термини за реализација на испити во Февруарска (двојна) испитна сесија:
Пријавување на испити: Од 25.12.2023(00:00 часот), до (заклучно со) 18.01.2024 (23:59 часот),
Полагање на испити:
Февруарска Прва сесија 2023/2024 година: Од 22.01.2024 до (заклучно со) 04.02.2024, и
Февруарска Втора сесија 2023/2024 година: Од 05.02.2024 до (заклучно со) 18.02.2024.
Сесијата е со пријавување и полагање во еден од двата испитни термини.
Потребни уплати за пријавување на испит за прв циклус на студии:
Напомена:

Студентите потребните средства за испит (износи од 20, 170 или 320 денари за редовна сесија, односно 320, 470 и 620 денари за дополнителна сесија) ги уплатуваат на приходна шифра 723013, со исклучок на:
General medicine – студентите не уплаќаат дополнителни средства за пријавување
Computer engineering and technologies и International law and international relations – Студентите ги уплатуваат овие суми на приходна шифра 723113
Шифрата Административна такса важи за сите (таму каде што е потребно).
Потребни уплати за пријавување на испит за втор и трет циклус на студии:
Приходна шифра Сума
723013 520
Административна такса 50

520 = 500 денари за пријавување на испит + 20 денари за пријава

Наведените суми се однесуваат за пријавување на еден испит.