Владо Гичев
Кратка Биографија
Публикации
Кратка Биографија
Место на раѓање: Штип, Северна Македонија
Образование: Д-р. Универзитет на Јужна Калифорнија, Градежен факултет, 2005.
М-р. Унив. „Св. Кирил и Методи“, Скопје Машински факултет, 1996
Дипл. Инж. Унив. „Св. Кирил и Методи“, Скопје Градежен факултет, 1988.
Академска позиција: Редовен Професор
Факултет за информатика
Универзитет Гоце Делчев, Штип
Гоце Делчев 89, 2000 Штип
тел. (+389) 499-790; е-пошта: vlado.gicev@ugd.edu.mk Истражувачкиот интерес на професор Гичев е во полето на пресметковно земјотресно инженерство и потесно во пропагирање на сеизмички бранови, интеракција тло-објект, тестирање на објекти во размер 1:1, мерење и процесирање на сеизмички податоци и структурна динамика. Тој е автор на повеќе од 100 трудови, многу од кои во врвни научни списанија.
Проф. Гичев е вработен на универзитетот Гоце Делчев (УГД) од неговото основање во 2007 година. Тој беше првиот декан на факултетот за информатика при УГД. Претходно, проф. Гичев помина пет години (2000-2005) на докторски студии на Универзитетот на Јужна Калифорнија (USC) каде во Јануари 2005 се здоби со титулата Доктор на технички науки со успешна одбрана на докторската дисертација со наслов “Истражување на интеракцијата тло-флексибилен темел-објект при влезни рамнински SH бранови“ под менторство на професор Михаило Трифунац. Од неговата промоција во мај 2005, тој продолжи да соработува со тимот на професори од групата „Јаки потреси на тлото“ на USC. Како дел од оваа соработка, проф. Гичев реализираше четири едномесечни и двомесечни престои на USC како гостувачки истражувач во 2007, 2010, 2013 and 2023.
Професор Гичев бил гостувачки професор на „Техничкиот универзитет на среден исток“ (METU), Анкара на кампусот на овој универзитет во Северен Кипар во есенскиот и летниот семестар во академската 2015/2016 година. За време на овој престој предавал на Градежниот факултет и на Факултетот за нафтно инженерство. Во август 2024 бил поканет главен предавач на првата „Меѓународна конференција за безбедност и отпорност на инфраструктурни објекти“ организирана од најголемата лабораторија за земјотресно инженерство во светот во Тиенцин, Кина.
Професор Гичев бил претседател на Одборот за евалуација на високото образование во Република Северна Македонија од октомври 2022 до фебруари 2024 година. За време на неговата кариера има учествувано во повеќе проекти како млад истражувач, истражувач и главен истражувач.
Тој е член на Меѓународната работна група за ротациона сеизмологија (IWGoRS).

Селектирани публикации
Collapsing Response of a Nonlinear Shear-Beam Building Model Excited by Horizontal and Vertical Strong-Motion Pulses at Its Base
Abbasgholiha, H., Gičev, V., Trifunac, M.D. , Jalali, R.S., Todorovska, M.I.
Buildings, 2023, 13(7), 1712

Collapsing Response of a Nonlinear Shear-Beam Building Model Excited by a Strong-Motion Pulse at Its Base
Abbasgholiha, H. , Gičev, V. , Trifunac, M.D. , Jalali, R.S. , Todorovska, M.I.
GeoHazards, 2023, 4(1), pp. 40–59
High-frequency decay of Fourier spectra of strong motion acceleration and nonlinear site response Gičev, V. , Trifunac, M.D.
Earthquake Engineering and Resilience, 2022, 1(3), pp. 302–316
High frequency calibration of a finite element model of an irregular building via ambient vibration measurements
Kokalanov, V. , Trifunac, M.D. , Gičev, V. , Kocaleva, M. , Stojanova, A.
Soil Dynamics and Earthquake Engineering, 2022, 153, 107005
Reduction of peak ground velocity by nonlinear soil response — II: excitation by a P-wave pulse
Gičev, V. , Trifunac, M.D. , Todorovska, M.I.
Earthquake Engineering and Engineering Vibration, 2021, 20(4), pp. 823–841
Reduction of peak ground velocity by nonlinear soil response – III: Excitation by an SV-wave pulse
Gičev, V. , Trifunac, M.D. , Todorovska, M.I.
Soil Dynamics and Earthquake Engineering, 2021, 145, 106535
Ambient vibration measurements in an irregular building
Gičev, V. , Trifunac, M.D. , Todorovska, M.I.
Soil Dynamics and Earthquake Engineering, 2021, 141, 106484
Flexibility of foundation increases the base shear and horizontal strains during an out–of–plane response to an SH pulse in linear and nonlinear soil
Gičev, V. , Kisomi, H.B. , Trifunac, M.D. , Jalali, R.S.
Soil Dynamics and Earthquake Engineering, 2019, 127, 105837
Reduction of peak ground velocity by nonlinear soil response – I: Excitation by SH pulse
Gičev, V. , Trifunac, M.D.
Soil Dynamics and Earthquake Engineering, 2019, 127, 105810
Seismic microzoning of Štip in Macedonia
Lee, V.W. , Trifunac, M.D. , Bulajić, B.Đ. , … Dimov, G. , Gičev, V.
Soil Dynamics and Earthquake Engineering, 2017, 98, pp. 54–66