Balkan Journal of Applied Mathematics and Informatics
Факултетот за информатика при Универзитетот Гоце Делчев – Штип уредува и издава свое меѓународно списание под наслов: Balkan Journal of Applied Mathematics and Informatics.
Меѓународното списание „ Balkan Journal of Applied Mathematics and Informatics“ на Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип е збирка на теоретски и практични достигнувања во компјутерските науки и технологии, математиката и применетата математика.
Списанието има воспоставено методологија на двојно анонимно рецензирање на трудовите, има свој меѓународен уредувачки одбор и е индексирано во EBSCO базата.
Тековно, списанието ги публикува рецензираните трудови во два броја годишно.
Повеќе информации можете да најдете на следниот линк.
Е-библиотека
Факултетот за информатика и Универзитетот Гоце Делчев - Штип, создадоа сопствена електронска библиотека која претставува база на податоци составена од е-книги, рецензии на книги, списанија, зборници од конференции и слични публикации, преку која се обезбедуваат онлајн ресурси за потребите на учењето и наставниот процес.
За поддршка на наставниот процес и помош во учењето на своите студенти, наставниот кадар од Факултетот за информатика има подготвено и издадено рецензирани учебници, скрипти, практикуми и други дигитални ресурси по речиси сите предмети од студиските програми на сите три циклуси на студии и истите се објавени во е-библиотеката.
Содржините во е-библиотеката им се достапни на студентите и наставниот кадар за бесплатно прегледување и преземање.
Повеќе информации се достапни на e-lib.ugd.edu.mk
УГД Академски репозиториум
УГД Академски репозиториум претставува база на податоци на Универзитетот Гоце Делчев, која обезбедува детали и целосен увид во резултатите од универзитетските истражувања и електронски верзии на магистерските и докторските тези на своите студенти.
Во рамките на репозиториумот се референцирани научните трудови на професорите на Факултетот за информатика при Универзитетот Гоце Делчев-Штип, кои се објавени во меѓународни списанија индексирани во релевантни бази на рецензирана истражувачка литература, какви што се EBSCO, Scopus, WoS и други.
Повеќе информации се достапни на eprints.ugd.edu.mk