Лабораторија за дигитални ресурси и отворен пристап
Во рамките на лабораторијата ќе се прават научни истражувања, како:
Процес на дигитализација;
Складирање, чување и одржување на дигиталните ресурси;
Регистрација и индексирање на дигиталните ресурси;
Архитектура на репозиториумите;
Стандардизација на дигиталните ресурси, репозиториуми и библиотеки;
Имплементација на информациски системи поврзани со дигиталните ресурси,
репозиториуми и библиотеки;
Друго неспомнато, а поврзано со користењето на дигиталните ресурси, репозиториуми и
библиотеки.
Апликацијата на истражувањата за практична примена ќе се одвива преку:
Организирање на предавања, работилници и семинари за дигитализација, дигитални
ресурси и дигитални репозиториуми;
Обуки за практично користење на дигиталните ресурси;
Имплементација на дигитални репозиториуми и библиотеки;
Имплементација на информациски системи поврзани со дигитални ресурси.
Лабораторија за роботика и интелигентни системи
Во рамките на лабораторијата ќе се прават научни истражувања, како:
Развивање на математички модели на различни роботски системи и нивна контрола;
Развивање на алгоритми за генерирање препораки и поддршка на одлучување во
земјоделието, здравството и здравствената заштита;
Развој на алгоритми и алатки за обработка на големи податочни множества и извлекување
на знање и трендови од истите;
Развој на иновативни концепти во областа на интеракциските технологии;
Истражувања во областа на компјутерската графика и визуализација на податоци;
Истражувања во областа на сензорски системи, Internet of Things (IoT), wearable
технологии и сл.
Апликацијата на истражувањата за практична примена ќе се одвива преку:
Изработка на интелигентни системи и нивна примена во здравството и превентивната
заштита;
Изработка на интелигентни системи и нивна примена во земјоделието;
Изработка на интелигентни системи за подобрување на процесите на производство;
Изработка на интелигентни системи за автоматизација на домовите за живеење;
Изработка на студии на случај во областа на интелигентните системи и нивна примена;
Развивање на софтверски апликации за десктоп компјутери, веб апликации, мобилни
апликации, апликации за мобилни и вградливи уреди и сл.
Лабораторија за компјутерска безбедност и дигитална форензика
Во рамките на лабораторијата ќе се прават научни истражувања, како:
Безбедност на софтер, со посебен акцент на безбедноста на веб апликациите и бази на
податоци, како и безбедноста на системите за управување со содржини;
Безбедност на мрежа, со посебен акцент на анализа на безбедноста на мрежните
протоколи;
Користење на техниките како податочно рударење и визуализација за анализа на мрежни
податоци, како логови и сл.;
Безбедност на оперативните системи за мобилни телефони;
Безбедност на апликациите за мобилни телефони;
Анализа на ранливости и злонамерен код;
Анализа на напади;
Истражувања од криптографија и криптанализа;
Форензика на преносни уреди;
Форензика на специфични напади на веб-апликации;
Криење на податоци во мрежни протоколи (мрежна стеганографија);
Криење на податоци, скриени канали и безбедност на слики, аудио, видео и сл.;
Приватноста и локациски базираните сервиси;
Техники на дигитални жигови (Digital watermarking);
Друго неспомнато, а поврзано со безбедноста на компјутерските системи и компјутерската
форензика.
Апликацијата на истражувањата за практична примена ќе се одвива преку:
Скенирање на безбедност на веб-апликации и веб-портали;
Скенирање на безбедноста на мрежи;
Обуки за безбедно програмирање, на пример за администратори на системи за управување
со содржини;
Наоѓање на информации, како и враќање на избришани или изгубени податоци од
компјутери и други дигитални уреди;
Истражување и анализа на дигитални докази и враќање на податоци за граѓански или
судски потреби;
Форензика на мобилни уреди и компјутерски системи;
Лабораторија за статистика, квантитивни истражувања и примени
Во рамките на лабораторијата ќе се прават научни истражувања, како:
Евалуација на локални, регионални и национални политики, мерки и состојби во повеќе
сфери – финансии, образование, социјала, земјоделие, технологија и техника...;
Правење на симулации и предвидувања на одредени појави, трендови и феномени во
повеќе сфери;
Изработка на научни, бизнис и други студии базирани на соодветни истражувања на
пазарот/ теренот;
Емпириска анализа на финансискиот пазар, пазарот на труд, пазарот на добра и услуги...;
Поддршка на други истражувања...
Апликацијата на истражувањата за практична примена ќе се одвива преку:
Прибирање и обработка на податоци;
Набљудување и опсервирање на појавата која е предмет на истражување;
Креирање на математички модел;
Трансформирање на математичкиот во друг (економетриски, статистички...) модел со цел
проценка на зависноста помеѓу варијаблите на моделот;
Естимација и донесување на адекватни заклучоци…;
Лабораторија за сеизмологија и земјотресно инженерство
Во рамките на лабораторијата ќе се прават научни истражувања, како:
Развивање на параметарски модел на интеракција тло-конструкција при влезни SH-бранови;
Развивање на параметарски модел на интеракција тло-конструкција при влезни P-SV-бранови;
Истражување на појавата на пукнатини во тлото во случај на сеизмичка побуда на истата;
Влијанието на пукнатите во тлото врз нејзината носивост во случај на сеизмичка побуда
на постоечки објект;
Истражување на однесувањето на подземните објекти под влијание на сеизмички бранови;
Развивање на тродимензионален модел за симулација на интеракцијата тло-конструкција.
Апликацијата на истражувањата за практична примена ќе се одвива преку:
Изработка на статички и динамички проекти за димензионирање на градежни објекти;
Изработка на статички и динамички проекти за анализа на постоечки градежни објекти;
Ревизија на изработени проекти за статичка и динамичко димензионирање на градежни
конструкции;
Испитување на поместувањето и деформациите на постоечки објекти при надземни
активности во рудници и издавање препорака за превенција;
Лабораторија за геоматика
Во рамките на лабораторијата ќе се прават научни истражувања, како:
Истажување и развој на апликации за геоматика;
Истражување и развој на геоинформациони модели и системи и нивна примена на
Универзитетот „Гоце Делчев“ како и во други институции;
Истажување и развој на облак апликации;
Моделирање, симулација и оптимизација со користење на машинско учење и големи
податоци;
Изработка на научни, бизнис и други студии;
Поддршка на други истражувања во Универзитетот и пошироко.
Апликацијата на истражувањата за практична примена ќе се одвива преку:
Прибирање и обработка на податоци;
Креирање на геоинформационен систем на Универзитетот „Гоце Делчев“;
Креирање на модели, нивна симулација и оптимизација;
Развивање на облак апликации;
Анализа и дискусија на добиените резултати, како и нивно објавување во меѓународни
списанија;
Институт за информатика
Институтот за информатика, при Факултетот за информатика, има за цел да го промовира и поддржува информатичкиот развој во сферата на образованието, истражувањето и примената на иновативни информатички технологии, во соработка со домашни и странски експерти на универзитетско, регионално, национално и меѓународно ниво. Институтот исто така има за цел да развива иновативни решенија преку восоко-квалитетни истражувања и да ги пренесува истите во индустрискиот сектор, да развива нови технологии и системи кои ги интегрираат истражувањето, образованието и иновациите во доменот на академската и индустриската сфера, преку своите ИТ академии има за цел да го поддржува и поттикнува професионалното и стручно доусовршување и дообразба на студентите во ИТ сферата, да организира натпревари, семинари и конференции од сферата на ИТ, да промовира и публикува научни и стручни дела од подрачјето на ИТ, да остварува активна соработка со други субјекти од земјава и странство, преку консултации, семинари, дискусиони групи реализација на апликативни и истражувачки проекти проекти и нудење на IT експертиза.